Позитив на денот: Прилепчанец ги храни гулабите на празниот плоштад “Meтодија Андонов – Ченто” (Видео)

Прилепчанец за медал!

Плоштадот во Прилеп денеска е целосно празен, само дивите гулаби го красат центарот на градот кој секогаш врие со народ, но опасноста од коронавирусот ги прибра прилепчани во домовите.

Само овој наш сограѓанин ја покажа целата своја добрина, хуманост и љубов, па излезе да ги нахрани гладните птици кои се вистински декор на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”.

Секоја чест!

Фото/Видео: Љупчо Мургоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.