Свечено отпочнати активностите околу активирање на фабриката на Гентерм во Прилеп

DSC02024

Во присуство на стотици граѓани, претставници од сите институции на системот, Претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, како и генералниот директор на гигантот Гентерм, денеска во Прилеп  во тежнолошко- индустриската зона Алинци, отпочнаја активностите околу активирање на фабриката и нејзина доизградба. Фабриката на Гентерм се простира на територија од 38 000 м2 и претставува огромна инвестиција од 20милиони евра која ќе отвори 2000 директни и стотици индиректни вработувања. Од огромен бенефит за Прилеп и регионот, фабриката ќе значи опстанок и подобар живот за целото население, како и повик за нови инвеститори во иднина.

Премиерот Никола Груевски најави дека веќе е доведен и вториот инвеститор во зоната , германската фирма Акопласт, исто така од автомобилскиот сектор, која веќе регистрирала фирма во Македонија и е во завршна фаза за отпочнување на градба.

DSC02029

DSC02027

DSC02028

Премиерот потенцира дека најзаслужен за доведување на овој гигант во Прилеп е Алек Никоски, кој ги направил првите контакти и клучната презентација во убедувањето за инвестирање токму во Прилеп.

Во втора фаза е и инфраструктурното уредување на зоната, односно поврзувањето во водоснабдување и осветлување. Прилепчани имаа можност да видат еден огромен комплекс со многу градежна машинерија, работници и градежен материјал на секој чекор.

DSC02036

Од обраќањето пак на вицепремиерот Ставрески, дознаваме дека пред новогодишните празници ќе отпочне со изградба и експресниот пат Прилеп-Градско, кој ќе значи решавање на горливото прашање за поврзување на Прилеп со главниот град, подобар проток на стока и патници, а и бенефит плус за интерес на нови инвеститори.

DSC02032

Фабриката започнува со активирање на производството во месец март идната година, и ќе произведува делови за големи автомобилски гиганти како: Ферари, Бентли, Рено, Порше и .т.н.

DSC02026

DSC02018

DSC02020

Ова е почеток за еден нов Прилеп во иднина, Прилеп кој ќе биде атрактивна дестинација, економски стабилен Прилеп.

DSC02040


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.