Светската куќа на ракометот потврди: Македонија патува во Египет, првиот натпревар во четврток

Meѓународната ракометна федерација (ИХФ) потврди дека репрезентацијата на Македонија ќе учествува на Светското првенство во Египет, како замена за селекцијата на Чешка.

Чесите нема да патуваат за Египет поради голем број инфицирани ракометари со Koвид-19, a како прва замена беше токму нашата селекција.

Со ова Македонија ќе ја продолжи низата на учества на големите натпреварувања, непрекинато од Европското првенство во Србија во 2012 година.

Македонија ќе игра во група со Шведска, Египет и Чиле, а првиот натпревар нашите момци ќе го имаат во четврток (14 јануари) со Швеѓаните, со почеток од 20:30 часот.

На Светското првенство во Египет учествуваат 32 селекции кои се сместени во осум групи.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.