Сараево станува арапски град: Досега купени имоти колку 2150 фудбалски игралишта површина

Арапските државјани, кои масовно купуваат недвижен имот во БиХ, досега стекнале сопственост на повеќе од 15 милиони квадратни метри земјиште и стотици станови само во Сараево, соопшти денеска Центарот за истражувачко новинарство (ЦиН).

Недвижностите, кои само во Сараевската жупанија де факто се во сопственост на граѓани од Блискиот исток и северна Африка, се со големина од 2150 фудбалски игралишта, што претставува 15,3 милиони квадратни метри земјиште, додека помал дел од површината се однесува на 524 станови, објави ЦиН. кој е специјализиран за известување за состојбата во правосудството и имотните прашања.

Во изминатите седум години, сиот имот е регистриран на 160 компании во сопственост на државјани на Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Сирија, Египет, Либија и други земји. Тие во БиХ основале фирми за да купат недвижен имот преку нив, со што ги заобиколиле законските решенија што спречуваат странски државјани да поседуваат недвижнини во БиХ, освен ако не постои реципрочен договор меѓу БиХ и земјите од каде доаѓаат.

ЦиН потсетува дека „нападот“ на недвижности во БиХ почна во 2012 година, посочувајќи дека станува збор за одговор од арапските купувачи „на повиците на некои политичари во БиХ“.

До почетокот на 2019 година, над 1600 компании во сопственост на арапски државјани беа регистрирани во Федерацијата БиХ. Повеќето од нив се во Сараевската жупанија и претежно имаат по еден вработен, а 70 отсто од нив располагаат со минималниот законски пропишан капитал, во износ од две илјади конвертибилни марки, или околу 1020 евра.

Извор: “Pressingtv.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.