(РЕЦЕПТ) Спирали од компири кои децата ќе ги обожаваат

Состојки:

4-5 компири
1 јајце
2-3 лажици брашно
сол, црн бибер
по потреба додадете млеко

Подготовка:

Koмирите излупете ги и гответе ги во солена вода. Оставете ги малку да се изладат, а потоа испасирајте ги. Додадете ги останатите состојки и добро промешајте. Смесата не смее да биде премногу ретка. Во таков слулај додадете уште малку брашно, или ако е премногу густа додадете малку млеко.

Потоа, со смесата наполнете една кеса за замрзнување и направете шприц. Загрејте масло во тава и потоа формирајте ги спиралите.

Не грижете се доколку на почетокот не ви изгледаат убаво, после неколку пати ќе ги правите совршено.

Послужете со мешана салата или некој сос по вкус.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.