Снежна покривка се формираше на планините во југозападна Србија- Златар, Златибор, Тар, Јабука…
Сообраќајот се одвива со потешкотии на магистралата од Пријепоље кон Јабука, на границата со Црна Гора.
Снежна покривка се формираше и во Нови Варош, градче кое се наоѓа на 1000 метри надморска височина.
Во Македонија во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.