Затвори фабриката на “Кромберг и Шуберт” во Украина, во Битола 2.000 нови работни места

Foto/Vitaliy Bunechko/Facebook

Компанијата „Кромберг и Шуберт Украина“, производител на автомобилски кабелски инсталации со германски инвестиции, официјално ги прекина оперативните активности по руските воздушни напади врз нејзините производствени капацитети, соопшти компанијата во саботата.

„Работата на компанијата е прекината! Наш апсолутен приоритет се безбедноста, животот и здравјето на секој вработен. Во моментов ја проценуваме ситуацијата и ги координираме сите понатамошни чекори“, се наведува во официјалното соопштение.

Раководството на компанијата изрази благодарност до Државната служба за вонредни состојби на Украина и до екипите за итни интервенции за нивната брза реакција и преземените мерки за заштита на локацијата.

Кромберг и Шуберт има производствен капацитет и во Битола, каде што компанијата е значаен работодавач. Минатата недела беше најавено проширување на производството со изработка на автомобилски делови за „Ауди“, како и отворање на нови 2.000 работни места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.