МЕГАБАСКЕТ победи! Училишната сала преполна, кошарката не умира благодарение на 4 одлични бизнисмени

Koшаркарите на прилепски Мега Баскет ја забележаа првата сезонска победа во Првата лига – Група А, откако вечерва триумфираа на домашен терен против ИБА Скопје.

Крајниот резултат на семафорот беше 87:74. Пред преполна трибина во училишната сала во ООУ “Добре Јованоски”, вечерва дебитираше и најновото засилување на прилепчани, кој постигна и двоцифрен број поени. Станува збор за Канаѓанецот, Отас Ијекекполор, кој во кариерата има настапувано за клубови од Франција, Естонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Летонија…

Отас ќе биде одлично засилување под обрачот на прилепчани, а тоа го видовме и од неговото деби денеска.

Да ја поздравиме победата на прилепчани, и да им посакаме многу вакви претстави пред публиката сезонава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.