Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати

Собранието денеска во рамки на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци заради можноста за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година.

Во рамки на 126. седница, пратениците ги донесоа и Законот за државна ревизија и одлуката за испраќање припадници на АРМ во меѓународната мисија Алтеа во Босна и Херцеговина.

Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.

Собранието продолжува со работа по 125. пленарна седница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.