Пpeполна е со цинк и ceлен: Супа која ги yништyва сите виpycи во opганизмот

Овие минерали се многу значајни во заштитата од вирусите, така што вистински момент е јадењето кое што ќе ви го предложиме да се најде на вашето мени.

Состојки: 1/2 кокосово масло; 6 чешниња лук; 1 исецкан кромид; 1/2 шолја исецкани бадеми; 2 лажици куркума; 2 лажици кари во прав; 2 црвени пиперки; 1 килограм благ компир; 2 ловорови листа; 6 шолји супа од зеленчук; сол и црн бибер.

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете ги кокосовото масло, лукот, бадемите, куркумата и карито. Сето тоа добро измешајте го, па динстајте на умерена температура додека состојките не омекнат.

Додадете ја пиперката, компирот, ловоровиот лист, а потоа додадете ја супата од зеленчук.

Оставете да крчка, намалете ја температурата и поклопете го тенџерето. Гответе околу 30 минути, додека компирите не омекнат.

Извадете ги ловоровите листа, а остатокот од смесата ставете го во блендер додека не добиете кремаста смеса.

Вратете го ловоровиот лист назад и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.