Пријателите на мака се познаваат: Путин испраќа воени виролози, лекари и опрема на помош во Италија

Русија ќе испрати во Италија воени виролози, лекари и медицинска опрема за помош во борбата со коронавирусот, соопшти руското министерство за одбрана кое наведува дека по указ на претседателот Владимир Путин министерот за одбрана Сергеј Шојгу формирал воздухопловна групација која од недела 22-ри март ќе доставува помош во земјата која е најпогодена од коронавирусот во Европа.

„По подготвеноста на италијанската страна, ангажираните воено-транспортни авиони на воздухопловните сили на Русија ќе достават во Италија осум мобилни бригади на руски воени специјалисти и лекари, автобмобилски системи за дезинфекција со аеросоли на транспортот и површините, како и медицинска опрема“, невудуваат од руското министерство за одбрана.

Кремљ од своја страна објави дека претседателот Владимир Путин „ја потврди подготвеноста на Русија да ја пружи потребната помош на оперативен начин и изнесе конкретни поединости во врска со тоа во телефонскиот разговор во саботта со италијанскиот премиер Џузепе Конте“.

Според извештаите на руските медиуми, Русија во Италија ќе испрати „заштитена опрема, мобилни системи (…) за дезифенкција на транспортните средства со аеоросол, медицнска опрема…“ и „стручњаци кои ќе пружаат практична помош во најтешко настраданите области“ од пандемијата.

Двајцата челници се догвоориле за „цврста соработка во сузбивањето на коронавирусот“, се додава во соопштението на Кремљ.

Веста доаѓа во моментот кога во саботата во Италија се регистрирани 793 смртни случаи, што е нов рекорд во едно деноноќие. Со тоа бројот на починатите од коронавирусот во последниот месец се искачува на 4.825 луѓе, според податоците на цивилната заштита.

Во Русија, пак, досега се регистрирани 306 случаи на Covid-19, но нема починати.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.