Прилеп доби не само уште еден кетеринг, туку една прекрасна кујна во која храната се подготвува со внимание, чистота и љубов кон домашниот вкус.
FIMIL Kitchen веќе ги отвори своите врати, а уште од првите денови покажува дека добрата храна не мора да биде комплицирана – потребни се квалитетни намирници, искусни раце и рецепти во кои се чувствува вкусот на традицијата, вкусот на Прилеп и вкусот на Македонија.
Од топла телешка чорба и домашни ќофтиња, преку сарма, грав со колбаси и полнети пиперки, до внимателно подготвени месни специјалитети, пилешко во различни сосови, свеж зеленчук и вкусни прилози – секој ден ново мени, а секој оброк приказна за себе.
И токму тука е убавината на FIMIL Kitchen – разновидноста. Денес нешто што потсетува на неделен ручек кај баба, утре модерно подготвен специјалитет, а секогаш свежо, топло и подготвено за оние кои сакаат вистински оброк.
МЕНИ ЗА ОВАА НЕДЕЛА
СРЕДА – 12.08.
🥣 Телешка чорба
🥬 Посна сарма
🍖 Даљан ќофте
🍗 Манџа со пилешко и зеленчук
🥩 Динстано свинско
🥔 Додатоци: пире, домат, краставица и зелка
🍗 Отворен копан
ЧЕТВРТОК – 13.08.
🥣 Пилешка чорба
🍗 Пилешко со ориз и зеленчук
🍖 Ќофтиња во домашен сос
🥩 Телешко месо со зеленчук
🍄 Тава со свинско месо и печурки
🍛 Пилешко со кари сос
🥩 Свинско со зеленчук
🥗 Додатоци: крем салата, динстан ориз и грилован зеленчук
ПЕТОК – 14.08.
🥣 Телешка чорба
🫘 Грав со колбаси
🐟 Ослич
🍗 Пилешка манџа
🌶️ Полнети пиперки
🍗 Тавук пилешко соте
🍖 Паша ќофте
🥩 Свинско со чимичури сос
🥗 Додатоци: павлака, зелка салата и ориз
САБОТА – 15.08.
🥣 Телешка чорба
🍗 Пилешко во бел сос
🥩 Свинско со грилован зеленчук
🍲 Гулаш
🍅 Свинско во доматен сос
🍗 Пилешка шницла
🥗 Додатоци: зелка со морков, шопска салата и компир салата
FIMIL Kitchen – наспроти Катастар, во близина на Фудбалскиот стадион „Гоце Делчев“
Работно време: Понеделник – Сабота од 07:00 до 15:00
Ако сакате домашна храна, разновидно мени и вкусен оброк кој ќе ве засити и ќе ве потсети на вистинската македонска трпеза, тогаш знаете каде да поминете.
FIMIL Kitchen – вкусот на домашната кујна, на едно место.



































