Прилеп беше домаќин на несекојдневен настан: Со Зумба мастер клас прославен 10-годишниот јубилеј на Бети Зин како инструктор (ФОТО)

На 7-ми септември, Прилеп беше домаќин на посебен Зумба® настан, организиран по повод прославата на јубилејот на Бети Зин како Зумба инструктор. Овој незаборавен настан ги собра љубителите на Зумба, инструктори и ентузијасти од цела Македонија и регионот, кои заедно ја споделија радоста и позитивната енергија на танцот и фитнесот.

Зумба® е светски позната фитнес програма која комбинира елементи на танц и кардио тренинг, инспирирана од латино музиката. Оваа програма го прави вежбањето забавно и динамично, а нејзината популарност расте низ целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија.

Специјален гостин – Селуко Фернандез

Главниот презентер на настанот беше Селуко Фернандез, еден од најпознатите Зумба презентери од Шпанијa, koj беше еден од 5те финалисти Zumba Next Rising presenter на ZINCON 2017г во Орландо. Селуко е познат по својата уникатна енергија и харизма, и остави незаборавен впечаток на сите присутни. Неговата посета го направи настанот уште повпечатлив.

Настанот започна со meet$greet состанок за инструктори, размена на искуства, информации и нормално можност за фотографирања и снимање видеа низ ценатрот на Прилеп.

Попладнето продолжи со Zumba® Jam Session за инструктори, што беше прв ваков настан во Прилеп и Македонија. Инструкторите имаа можност да научат нови техники и кореографии директно од Селуко, што го направи настанот особено значаен за нивниот професионален развој.

Вечерта продолжи со Зумба® Мастер клас отворен за сите, каде љубителите на музиката и танцот можеа да се приклучат на енергичниот ритам и движења. Ова беше прослава на јубилејот на Бети Зин, која ја одбележа својата 10годишна кариера како Зумба инструктор со овој голем настан. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, одлична музика, и многу забава.

Целиот настан заврши со заедничка вечера во опуштена атмосфера. Благодарност до сите учесници и инструктори од Србија, Хрватска,Бугарија и Македонија кои беа дел од овој Зумба мастерклас.

Овој Зумба® Мастер клас не беше само настан, туку и прослава на љубовта кон танцот и фитнесот, како и значајниот јубилеј на Бети Зин. Сите учесници си заминаа со полни срца и нови искуства, а Прилеп ја покажа својата подготвеност да биде дел од вакви меѓународни Зумба настани. Со нетрпение го очекуваме следното издание!

ФОТО/ВИДЕО: ДРУГАРЧЕТО ТАСО




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.