Македонија утре во Битола игра одлучувачки натпревар – Да ги поддржиме нашите девојки што помасовно на стадионот „Петар Милошевски“

Женската фудбалска репрезентација го игра одлучувачкиот натпревар во европската зона квалификации за Светското првенство. Битола и стадионот „Петар Милошевски“ ќе бидат терен на натпревар кој може да стане историски.

По пет одиграни натпревари, Македонија се наоѓа на третата позиција во групата со шест освоени бода. На врвот е Унгарија со 13 бодови, пред Азербејџан кој има девет. Победа може да ни донесе историски резултат и продолжување на надежите во овој квалификациски циклус.

Утре со почеток во 19:00 се игра клучниот квалификациски натпревар помеѓу женските репрезентации на Македонија и Азербејџан.

Поддршката на нашите девојки им е повеќе од потребна! Влезот на натпреварот е слободен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.