ПРИЛЕПСКИ СРАМ ! ! !

13515402_10208367542577636_875851154_n

Не е потребен некој посебен коментар со кој би се окарактеризирале ваквите постапки на поединци. Ваквите излети на лудило, а можеби и забава за некој, за нас се срам и понижување, невоспитаност и разгаленост, простотилук и немање на култура.

Ако општинските власти од Прилеп сакаат и успеваат да создадат град репер во уреденост, чистота, европски град, од друга страна и  да сакаат не би можеле да созадат и европски луѓе.

Целта на ваквите објави е да се разбуди свеста и кај оние кои воопшто ја немаат, но и кај оние кои случајно ќе забележат некакво нагрдување или уништување, истото да го пријават.

Ова е наш град, се гордееме на променетиот лик и треба да го чуваме.

Се надеваме дека барем овој несовесен граѓанин, ги решил сите свои проблеми со уништувањето на оваа автобуска постојка.

13514515_10208367542657638_1301023823_n

13480051_10208367542537635_730495540_n