Со трката “Апхил Сопиште” започна сезоната во планински велосипедизам, а Велосипедскиот клуб “Илинден” од Прилеп стартуваше со победа.
Андреј Маџоски ја забележа својата прва победа во јуниори, Константин Костоски беше трет во кадети, Никола Ристески го освои четвртото место, а Младен Петрески беше седмопласиран во истата категорија.
Тренерот Драган Димитријоски не го криеше задоволството за првата јуниорска победа на Маџоски и истакна дека и покрај тоа што оваа дисциплина не ја практикуваат, трката ќе им дојде како одлично загревање за престојните во роад дисциплина.