Прилепскиот бренд СДК стави свој “потпис” на уште еден велелепен храм: Црквата Св. Константин и Елена во Илинден блеска од убавина (Фото)

Православниот храм Св. Константин и Елена во н. Илинден чии темели беа турени во јуни 2012г, пополека завршува со внатрешното уредување, па наскоро се очекува и осветување на храмот.

Имено, откако беше завршен фрескоживописот, целосно се постави и внатрешното осветлување со велелепни кристални лустери од македонска изработка. Имено, централниот кристален полилеј е со гигантски пропорции од 3.5Х5.2 метри и е еден од најголемите во Македонија и регионот, а освен него е поставен и уште еден со димензии 2.5Х3.3м, како и седум други со помали димензии. Целосното осветлување е дело на брендот СДК (Светлина, Дизајн, Квалитет) од Прилеп, чиј ’потпис’ стои зад повеќето од кристалните лустери во стотици храмови низ Македонија и пошироко.

Од храмот известуваат дека во тек е поставувањето на подот во олтарот и се очекува да биде завршен иконостасот, а ги повикуваат сите благочестиви христијани да помогнат со свои донации да се заврши целосно храмот, за со Божја помош наредната година доколку дозволат приликите, храмот да биде осветен.

Така една од најпросперитетните општини во Македонија конечно ќе добие свој верски храм како што заслужува.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.