Прилепската саат кула, симболот на Прилеп

DSC01878

Саат кулата во Прилеп преставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-Ага и е  висока околу 40 м, а заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Ја изградил познатиот прилепски градител Перо Лауц. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. На едната страна има натпис  на кој пишува:

„ Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика …„Ах…” “

DSC01892

Познати по своето шегобијство, Прилепчани саат-кулата често ја нарекуваат со името Прчикур, симболизирајќи машкост и исправеност.

Во однос на материјалот од којшто е изградена кулата и во однос на конструктивниот систем, Саат кулата е поделена на два дела: масивен дел од камен и скелетен дел од дрвена конструкција.

DSC01880

Саат кулата во Прилеп е постара за една година од прочуениот Биг- Бен часовник во Лондон.

DSC01883

Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација (накривување) од 1,16 м., и затоа ја нарекуваат уште и кривата кула во Прилеп.

Во 2013г. после 30 години , Градскиот саат започна одново да го покажува и времето, отчукувајќи на секој час и потсетувајќи ги сите посетители на чаршијата за точноста на времето. Извршена е повторна санација за да се спречи понатамошното накривување на кулата и задршана е нејзината автентичност.

Просторот околу саатот е партерно уреден и осовремен, проширен и разубавен.

DSC01894

DSC01895

DSC01882

DSC01885

Прилепскиот споменик и паметник на времето, живее и сведочи за секакви времиња и невремиња. Прилепчани се горди на него и раскажуваат на секој добронамерник и посетител за неговата историја.

DSC01890

DSC01887


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.