Маркукуле од свои извори дознава дека претсреси во Прилеп се извршени и кај јавен обвинител од основно јавно обвинителство.
Според неофицијални информации, институциите вршеле претрес во сефот на овој обвинител во една од комерцијалните банки.
Засега не се споделуваат повеќе информации за името на обвинителот, ниту за што се сомничи, само тоа дека се работи за лице во помлади години, кој пред неколку години стапил на должноста јавен обвинител.
























