Витаминка со признание за долгогодишната поддршка на СОС Детско Село

Посветеноста кон заедницата не се мери само со зборови, туку со дела, континуирана поддршка и грижа за оние на кои им е најпотребна. Токму во таа насока е и признанието што Витаминка АД Прилеп го доби по повод одбележувањето на 25 години СОС Детско Село.

Признанието е доделено на Витаминка како еден од партнерите во Стратешкото корпоративно партнерство и поддршката на мисијата на СОС Детско Село – организација која повеќе од две децении работи на создавање подобри услови за раст, развој и посветла иднина за децата и младите.

За Витаминка, ова признание претставува потврда на долгогодишната заложба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои носат вистинска вредност во заедницата.

„Горди сме што низ годините сме дел од оваа мисија и што со нашата поддршка придонесуваме кон создавање подобри услови и посветла иднина за децата и младите“, истакнуваат од компанијата.

Од Витаминка упатуваат благодарност за признанието и довербата, но и за можноста да бидат дел од една толку важна и хумана мисија.

Партнерствата како ова се потсетник дека кога компаниите, организациите и заедницата работат заедно, поддршката станува многу повеќе од помош – станува инвестиција во иднината и во генерациите што доаѓаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.