Изминатиот месец полека се ширеше мирисот на цимет и сега дознаваме зошто! Нова, миризлива и неодолива идеја пристигнува во нашиот град – цимет ролничка!
Мека, вкусна и богата со арома на цимет, создадена за сите оние моменти кога ви се јаде нешто слатко и поразлично.
Ако сè уште не сте пробале цимет ролничка, ова е вистинскиот момент! Совршена со кафе, совршена за по пат, совршена за љубителите на благо…
Една ролничка, а мирисот ќе ве натера да се вратите по уште една.
Нова идеја во Прилеп. Нов вкус што вреди да се проба!
Можи да се нарачуваат од понеделник до петок, за викендот да си го облажите!
Цимет ролничките се нарачуваат од Инстаграм @CimetRolnicka и од Фејсбук Cimet Rolnicka. Пишувате во порака количина и ги добивате викендот!
По повод 11-ти Октомври, оваа недела имаат и додадено нов вкус со јаболко и цимет што не треба да се промаши.
Пронајдете ги во Прилеп и откријте зошто циметот може да биде вашиот нов омилен вкус.



























