Претор после дождот: Вистински магнет за престојниот викенд (Фото галерија)

Дождот ги избрка гостите од излетничките места покрај Преспанското езеро, каде исто како во Охрид деновиве е преполно со луѓе

Македонските граѓани летово како единствена дестинација во соседството ја имаат само Албанија, па поради тоа домашните туристички центри се исполнети со гости.

Претор, Сливница, Стење, Крани, Отешево…. се исто така привлечни како и Охрид и Дојран. Таму деновиве постојано има гости, а во водите на Преспанското езеро капачи.

Дождот кој од вчера врне низ државата, не ги одмина и летувалиштата во Преспа, па денеска Претор и плажите беа целосно празни.

Попладнево одново светна сонце и ја осветли песочната плажа.

Навистина изгледа прекрасно. Штета што државата не најдува начини како уште повеќе да го заживее ова место, да се привлечат инвеститори и да никнат поголеми сместувачки капацитети.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.