Пред избори виделе багер, а асфалт можеби за идните локални? Жителите од улица “Маргара” во Прилеп бараат решавање на нивниот проблем (Фото)

Куќите ни се легализирани и имаме подмирено секакви комунални давачки кон општината, а сеуште не тураат асфалт, вака реагираат жителите од улицата “Маргара”на делот каде од општината ја израмниле улицата, но не си ја завршиле до крај работата.

Тие велат дека се соочуваат со горлив проблем особено кога времето е врнежливо и бараат од општина Прилеп најбрзо да го асфалтира овој дел од улицата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.