Прв пораз после 2 години за екипата на Младост 96

Овој викенд се одржа 6 и 7 коло од Супер лигата во пинг-понг. Веста на денот е поразот на актуелните шампиони Младост 96, од Крива Паланка со резултат 4-3.

Ова е прв пораз по 2 години кога последен пат екипата беше поразена во домашниот шампионат. Малку фалеше да продолжи низата со победи, но во одлучувачките поени противникот беше поснаодлив.

Првите два натпревари беа изгубени со 3-2, и тоа Костадиновиќ од Катиќ, и Лашкоски против Станојковски. Костовски намали на 2-1 во партии.

Победата за 3-3 ја донесе Костовски против Станојковски во еден прекрасен меч, и со тоа му го нанесе првиот пораз на 10-краткиот првак на Македонија. Во одлучувачкиот дубл натпревар поуспешни беа играчите од противничката екипа.

Нема место за паника, екипата е компактна и покрај минатонеделните ковид позитивни случаеви на дел од играчите и тренерот.

Пред тоа Младост96 го совлада Вардар со 4-0, а потоа го одигра заостанатиот натпревар до Радовиш и исто со 4-0 го доби натпреварот.

На табелата Младост96 е на второто место. До крајот на есенскиот дел останува уште еден турнус каде Младост 96 ќе игра со Рисови и Телеком Нец.

Наредниот викенд во Прилеп ќе се одржи Мастерсот за сениори,каде ќе учествуваат и играчите на Младост 96.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.