ФК Пелистер го почнува својот нов проект за сезоната 2026/27 со изборот на новиот претседател.
По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола е изборот на новиот претседател. По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е доверена на Димитар Митревски.
-Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички да се обидеме да го вратиме клубот во самите височини на македонскиот фудбал. Митревски има 38 години, зад себе остварил успешни проекти од сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста најпознат е по раководењето на РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер. Тој веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави и планот на работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб. Клубот ќе го официјализира и стартот на подготовките и планот на припреми ова лето – стои во соопштението од ФК Пелистер.
























