Потсетување за Сугарески: На платформата на Матка не и фали ни даска

Ништо од ветувањата на надлежните за рушење на дивоградбата на Матка. Наместо тоа, платформата личи на вистинско одморалиште…. Има маса и клупи за седење, ограда, аранжмани од цвеќиња… Камерата на Алфа забележа како голем дел од граѓаните, по прошетка доаѓаат и си пијат кафе, се сликаат, одмараат на дивоградбата која требаше да се руши.

Граѓаните исплашени, не сакаат да зборуваат пред камерата на Алфа за градењето на платформи на заштитно подрачје, при слушање на прашањето, тие се тргаат од камерата.- Тоа може да се се забележи и од снимките кои успеа да ги сними Алфа.

Пред повеќе од четири месеци министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кажа дека доколку општината Сарај не ја сруши, тогаш ќе мора да постапи Државниот инспекторат за урбанизам. Но засега ништо од оваа ветување не е видливо на терен.

Како за потсетување, градоначалникот на Сарај, пред неколку месеци се огласи и кажа дека нема ниту да ги легализира, но ни да ги руши дивоградбите.

Тогаш, скопскиот градоначалник го повика тој на општина Сарај да си ја работи работата за која е избран од граѓаните. На ова, Блерим Беџети одговори – Шилегов да си ги гледа своите надлежности и да не се занимава со оние на општина Сарај.

ИЗВОР: АЛФА.МК


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.