Младите кошаркари М18 денес одиграа катастрофално и доживеаа тежок пораз од КК Тиквеш на домашен терен.
Жално е што не се ни потрудија да ги израдуваат верните навивачи кои беа во огромен број во малата сала од основното училиште “Добре Јованоски”.
Младинските школи веќе ги нема, условите се катастрофални, а поддршката од општината мизерна, цели 5.000 евра за сениорите и за младинците за цела година.
Со ваков однос и тие малку млади што останаа, наместо во сала ќе шетаат по улици во градот, кој нема никаква спортска и фраструктура.


























