Поранешниот активист во “шарената револуциja”: На Заев му порачувам помалку да лаже

На Заев му порачувам помалку да лаже! – вака заврши гостувањето во емисијата „Што не е јасно?“ со граѓанскиот активист, некогашен жесток поддржувач на „Шарената револуција“ Благојчо Горгиев. Активистот инаку инвалидизирано лице е разочаран од неисполнувањата наниедно ветување што власта ги даде кога беше опозиција.

-Никогаш не се смени законот за инвалидизирани лица, а ми ветуваше и Тунтев и Заев и сите. Потоа видовме дека обичниот човек пак страда и е обезправдан а богаташите со милионите повторно уживаат. Меѓу другите неисполнети ветувања што сега ми паѓаат на памет е мерцедесот. Се правеа помпи дека ќе го продадат да купат болнички возила, па го гледавме изгребан од мачки, за денеска пак да се возат истите тие во него?! Па, да не ме сфатите дека бранам некого, но има осуден човек 3 години точно за тој мерцедес, додека владата слободно си се вози со него, вели Горгиев.

Раскажува дека со поранешниот премиер Зоран Заев бил близок, но пред околу 2 месеца повеќе не комуницираат. Секогаш, вели Горгиев, кога и да го прашам за некое неисполнето ветување ќе ми одговореше: полека, ќе биде, „не се прави правна држава преку ноќ“.

-Заев е еден од тие луѓе кои спиеше со граѓаните во шатори пред Влада, 60 дена. Народот го донесе на власт и нормачно, очекува од него. На пример ти си ветил 100 работи , и од тие 100 работи да направиш 5 грешки а 95 да ги исполниш, е солидно владеење. Ама од 100 работи 99 грешки да направиш, а една да исполниш само – и тоа да е укинувањето на радиодифузната такса, извини, проблемот е кај тебе – не кај нас граѓаните, вели Горгиев.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.