Победа даде 10 погодоци во два натпревари: Црвено-белите и денеска убедливи на гостувањето во Градско

Попладневно на стадионот во Градско, фудбалерите на Победа забележаа нов висок триумф над Локомотива со 1:4.

После високите 6:0 минатиот викенд во Прилеп против Осогово, црвено-белите беа убедливи и во Градско, каде четири пати прецизно ја погодуваа мрежата на Локомотива.

Стрелци на головите за Победа беа: Спиркоски (11м.), Петкоски (45м.), Најдов (86м.) и Ангелески од пенал (90м.)

Со четири триумфи, еден нерешен резултат и еден пораз, Победа сега се наоѓа на второто место од табелата во Втората лига – Исток.

Во наредното коло (16.10) победашите го пречекуваат Братсво на стаднионот “Гоце Делчев” во Прилеп.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.