Joвчески: 3aканувачот е се’ уште на cлобода, поднecoв и матepиjaлни дoкaзи, МBP не пpeзема ништо

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, преку социјалните мрежи се обрати до јавноста и медиумите, и истакна дека МВР се уште го нема пронајдено лицето кое упати грозни закани до неговото семејство.

“Во оваа изборна кампања имам покани за учество на дебати од неколку медиуми во Скопје. Дебатите се пожелни, но во мојот случај замолувам за разбирање што нема да бидам дел од истите, заради нерасчистените јавни закани по мојот живот и животот на членови од моето семејство. За изнесените закани им благодарам на медиумите кои ги пренесоа, тоа многу ми значеше.

Оваа одлука ја донесов лично, затоа што заканувачот сеуште е на слобода и за жал од надлежните институции до денес не е преземено ништо. Во ОВР Прилеп исто така доставив и доказни материјали. Искрено верував дека МВР ќе превземе навремени мерки и ќе го расчистат случајот кој не му доликува ниту на Прилеп, ниту на Македонија.

Противкандидатот е од истата политичка партија со оние кои се на чело на надлежните институции, но сметам дека тоа не треба да биде пречка институциите да ги штитат сите граѓани подеднакво, без разлика дали се или не се политички истомисленици со актуелната власт.

Во вакви нефер околности сепак постои место за политички дуел, а тоа е дуелот на изборниот ден, 17ти октомври, кога народот ќе ги даде сите одговори”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.