Пиварница за респект: “Првото пиво на куќата”

Kopoнавиpycoт имаше големо влијание и врз пивската индустрија – некои локални барови во Чешка ќе се обидат да ги поттикнат посетителите со бесплатно пиво.

Од денес, пабовите и рестораните во Чешка ќе продолжат со работа откако беа отстранети рестрикциите. Оние кои се жедни и кои сакаат да го пробаат “чешкото течно злато”, пивото, ќе можат да го направат тоа во отворените локали.

Сопствениците на пабовите вложуваат голем напор да ги вратат луѓето назад, но и да го прослават повторното отварање на “чешките културни институции”. Па според нив тоа најлесно ќе се случи со бесплатно пиво.

Од денес започнува промоцијата на Пилснер Улкер- “Првото пиво е на куќата” и секој кој ќе порача едно пиво ќе добие уште едно гратис на неговата маса.

“Од денес, пабовите ќе бидат исполнети со луѓе и пиво. Одлучивме да го прославиме овој момент и да го направиме да биде најголем настан во историјата на пиварата. Ги повикуваме сите на нашата забава”, вели маркетинг менаџерот на Пилснер Улкер, Ева Андрејчакова.

“Исто така сакаме да им се заблагодариме на луѓето за нивното одговорно однесување во kpизните моменти, а сега сакаме да ги повикаме да се вратат на нормалниот живот, што вклучува уживање со пријателите во пабовите и рестораните”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.