Пат околу светот со зелено “фиќо” (Фото)

Своето патување околу светот го прават со нивниот најдобар пријател, “фиќото”. Тие се Амар Чамо (310 и Лејла Чамо (28) од Босна и Херцеговина, а на инстаграм познати како “ficacrew”.

– Фиќото влезе случајно во нашиот живот, мојата мајка случајно го видела кај еден човек и ми даде идеја дека би било добро да го купиме. Кога одлучивме да го купиме, сопственикот веќе го продал, а ние зопчнавме со потрагата по малото зелено возило. Конечно успеавме да го најдеме, ја започнува својата приказна за српски “Блиц”, Амар Чамо.

– Фиќото не го купивме за да привлекуваме внимание, туку станува збор за љубов кон старите, а некогаш популарни автомобили. Во тој период планиравме да патуваме и ни беше потребен автомобил.

– Во досегашните патувања, видовме различни реакции од луѓето. Некои не гледаат како социјални случаи кои немаат пари за возило, додека има и такви кои ја сфаќаат убавината на она што го имаме ние.

-Фиќото е нашиот животен сопатник. Никогаш не не’ изневерило.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.