Пандемиjaта не е изговор за да се одржува формата: Еве зошто Пулексенија Јованоска од Прилеп е спортист на Македонија (Видео)

Пулексенија Јованоска беше активна дури и во карантин. На социјалните мрежи можевме да забележиме дека дури и во домот таа работеше на одржување на формата, а активно работела и индивидувални тренинзи на отворено.

Пулексенија во својата спортска кариера има петто место на Европскиот шампионат во Монпеље во Франција 2016 година, петто место на Европскиот шампионат во Гвадалахара во Шпанија 2019 година, како и бронзен медал во 2014 година на К1 Светскиот Куп во Ласко, Словенија.

Во нејзината ветрина на спорски успеси има и бронзен медал од Европскиот шампионат во Лисабон во 2014 година и медал за балкански првак во 2013 година.

Пулексенија беше избрана за најдобар женски спортист на Македонија за 2019 година, како и најдобар женски спортист на Прилеп.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.