Откако испадна во втора лига почнаа да си одат и играчите: Танушев од Победа прво засилување за Академија Пандев

Ѓорги Танушев е првото засилување за Академија Пандев. Танушев е струмичко дете, а минатата сезона настапуваше за екипата на Победа и ќе биде одлично освежување во средниот ред.

Покрај Танушев, во сениорскиот тим се вратени и Кристијан Велиновски кој беше позајмен во Брегалница, како и Емир Скендери кој беше пратен на позајмица во Кожуф.

Академија Пандев изминатата сезона заврши на третата позиција во Првата лига и го освои Купот на Македонија.

Засилувањето Ѓорѓи Танушев сезонава за Победа имаше 22 настапи на кои постигна 6 голови.

Последните 10 натпревари, Танушев беше надвор од составот на Победа.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.