Oсновното училиште “Гоце Делчев” во Прилеп ќе добие нова ограда, работите се веќе започнати, а она што предизвика внимание во јавноста е вредноста на овој тендер.
Оградата ќе го чини училиштето речиси 150.000 евра, или 9.104.788 денари со ДДВ, според склучениот договор помеѓу учичиштето и компанијата УРБАН ПАВЕР од Скопје.
Тендерската постапка била спроведена во текот на август месец, а последниот ден за поднесување понуди бил 4. септември.
Компанијата од Скопје поднела најповолна понуда е избрана за изведувач на работите.
Според податоците јавно објавени на Електронскиот систем за јавни набавки, оградата треба да биде завршена до 17.12.2026година.


























