Од прекрасен стадион до најxopop место во светот благодарение на локалната влacт од СДCМ во Прилеп? (Фото галерија)

Стадионот во населеното место Тополчани во прилепско кој во 2010 година беше изграден со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, денеска е целоно уништен и претворен во стрниште.

Некогаш убавиот спортски објект на кој тренираше фудбалската екипа и младите од ова поголемо населено место, е целосно руиниран и запустен.

Жителите од селото ни испратија фотографии како изгледаше тогаш, а како изгледа денеска овој стадион.

Навистина жална е ваквата негрижа за спортските објекти на актуелната локална власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски.

Без разлика кој и во чие време е градено, ваков објект чини многу пари и не се гради преку ноќ.

Државата прави стадиони, спортски сали, игралишта, и само по десетина години треба целосно да се обновуваат, наместо да се одржуваат.

А еве како изгледаше овој стадион кога беше изграден:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.