Ова се термините во кои Македонија ќе ги игра своите натпревари на Светското првенство во Египет

Ракометната репрезентација на Македонија сепак ќе учествува на Светското првенство кое од денеска ќе се одржува во Египет.

Светската ракометна федерација ја постави Македонија за прва резерва, а откако вчера Чешка и официјално го откажа настапот поради голем број позитивни случаи на коронавирус, избраниците на селекторот Данило Брестовац, сепак ќе настапат на Мундијалот во Египет.

Ракометарите беа во исчекување на оваа одлука и бидејќи го имаа статусот на прва резерва, тие се тестираа на коронавирус и резултатите беа негативни.

Македонија првиот натпревар на ракометниот Мундијал ќе го игра веќе утре со почеток од 19 часот против Шведска, а во групата се наоѓаат и уште селекциите на домаќинот Египет и Чиле со кого изминатата недела одигравме два контролни натпревари во Скопје.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.