Ова е наследникот на Ангела Меркел

Трката за челното место на Демохристијанската Унија (ЦДУ) беше неизвесна, а “битката” се водеше меѓу: Aрмин Лашет, премиерот на најголемата германска сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, корпоративниот адвокат Фридрих Мерц и експертот за надворешна политика Норберт Ретген.

Ангела Меркел планира да оди во политичка пензија по крајот на незниниот четврт мандат.

Премиерот на индустриски најразвиената Северна Рајна-Вестфалија се претстави себе си како кандидат кој ќе го продолжи континуитетот на Меркел. Тој е “политички најблизок” со канцеларката.

Лашет (59) рече дека еден од клучните предизвици на Германија е да остане индустриска сила, додека се бори против климатските промени и создава социјална кохезија. “Постои големо незадоволство во општеството, толку агpecиja, толку бec, толку омpaзa”, изјави тој во февруари минатата година.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.