Нови главоболки за Ноле: Освен што беше диcквалификyван, сега ќе мора да се соочи и со ова

Благодарение на Новак Ѓоковиќ, судијката Лаура Кларк стана планетарно позната.

Ѓоковиќ несакајќи ја погоди со топче во пределот на вратот во финишот на првиот сет од осмина-финалниот меч со Пабло Карењо-Буста. Поради овој потег супервизорот на Ју-Ес опен, почитувајќи ги правилата го дисквалификува првиот носител од турнирот.

Ѓоковиќ свесен за грешката што ја направи, во истиот момент и се извини на судијката, а наредниот ден испрати порака до своите фанови да не ја навредуваат на социјалните мрежи.

Целиот случај може да добие нова димензија откако од САД пристигнуваат информации дека Лаура Кларк планира да поднесе тужба против Ѓоковиќ. Според се уште непотврдени информации Кларк ќе тужи за претрпен страв. Таа очекува да добие некое милионче од богатството на Ѓоковиќ.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.