Ништо веќе нема да биде исто: Германија носи нови закони за привремена работа, плати, храна…

Во Германија стапуваат на сила нови закони и правила поврза ни со вakцинациjaта, возачите, платите, привремената работа и други области.

– Од први април сметките за купените продукти ќе бидат подолги. Имено, Германците сметаа дека им се потребни повеќе податоци за да се избегнат даночните измами.

– Привремената и агенциската работа во месната индустрија ќе биде забранета. Ова нема да се однесува на месарскиот занает, а со тоа и на компаниите со помалку од 50 вработени. Освен тоа, почетокот и крајот на работата мора да се евидентираат по електронски пат.

– Од 2 април 2021 година ќе се применува нов правилник со кој построго ќе се регулираат одредени намирници. Храната ќе може да содржи најмногу два грама индустриски произведени трансмасти на 100 грама – Храната која содржи трансмасни киселини, вклучувајќи ги пржените производи како чипсот, крофните и кроасаните или маргаринот. Ова правило не се однесува на животинските производи како млекото и месото, кои содржат трансмасти. Трнсмастите се незаситени масни киселини кои се произведуваат во индустријата кога растителните масла делумно ќе се стврднат.

– По Велигден, домашните лекари ќе можат да ги вakцинираат жителите против кopoнавиpycoт, но количината на вakцини ќе биде ограничена.

– Од 1 април се зголемува минималната плата на медицинските сестри. Во западна Германија медицинските сестри ќе добиваат по 12.50 евра на час, а на истокот по 12.20 евра.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.