(Видео) Со дрон снимија фантастичен танц на елени: Експертите објаснуваат зошто животните вака се однесуваат

Во областа на крајниот север на Русија забележана е крајно необична глетка – крдо елени кои се движат во круг.

Оваа ретка појава во селото Ловозерово во Мурманската област ја сними новинарот Лав Федосеев со помош на дрон.

Зоолозите објаснуваат дека елените се постројуваат во круг во случај на опасност. Крдото се движи на овој начин за да го збуни предаторот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.