Николоски: Победата на Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев!

Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашната емисија „И што сега“ констатираше дека коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ претставував една неприордна коалиција којашто се создава во овој период и е надвор од сите правила на едно меѓуетничко разбирање и општење во Република Македонија.

– Неприродна е зошто тоа е напушатње на основниот принцип победник со победник и ова е континуитет којшто на крај ќе резултира со фрустрации, а може да резултира со проблеми, истакна Николовски. Николовски посочи дека ниту СДСМ верува дека може да го победи ВМРО-ДПМНЕ, ниту ДУИ верува дека ќе може да ја победи албанската опозиција и затоа тие решиле да се спојат се со цел да не се знае чии гласови чиви се. -По објавата на кандидатурата на проф. Гордана Силјановска апсолутно сметам дека водиме и дека ќе победиме на престојните претседaтeлски избори, потенцираше Николовски.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.