Во понеделник, 18.11.2019 година, од 10-14 часот, во бифето на ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” – Прилеп, ќе се организира хуманитарен настан по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња.
Настанот кој насекаде ширум светот се одбележува со низа хуманитарни акции за прв пат ќе биде одбележан и во Прилеп, а иницијативата за тоа ја имаат неколку мајки кои се надеваат дека одбележувањето на овој ден ќе премине во традиција.
Со помош на локалните бизниси од Прилеп ќе организираат хуманитарна лотарија, а собраните средства ќе бидат донирани во неонатологија.
Секој посетител ќе добие виолетова панделка која е симбол на прерано родените деца.
Овие мајки упатуваат повик до сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција и да дадат свој придонес за поддршка на болниците и семејствата.