ГЕНЕРАЛКА ВО ПРИЛЕП – ФОТО

16523525_10210031242872048_1469767417_o

Изминативе денови активно се чистат главните сообраќајници во Прилеп. Три цистерни на Јавното комунално претпреијатие “Комуналец” се на терен и ги чистат улиците од аброзивниот материјал кој се посипуваше за справување со снежните врнежи кој го зафатија градот во изминатиот месец.

Постојаното одржување за време на целата година го прави Прилеп најчист град во државата. Граѓаните се задоволни од залагањето на локалните власти и комуналните претпријатија и им годи приматот на најчиста животна средина.

Прилеп е меѓу првите градови кои воведоа селекција на отпадот и посебни корпи за отпадоци и контењери за пластика и хартија, целосно обновен возен парк, проект” Човек -улица”, единствен град што користи технолошка вода за поливање на зелените површини.

BeFunky Collage

Прилеп стана град на прекрасни и огромни паркови: “Могилата на непобедените”, паркот во населбата “Точила”, паркот кај основниот суд, паркот во населбата “Типски”, и во месните заедници.

16522601_10210363063344408_637071630_n

16558959_10210363063104402_1786580661_n

20160417_122729A Markukule.mk

PARK-2-640x443

16521996_10210363062144378_695801219_n

Спремноста на комуналните претпријатија за справување со отпадот и одржување на чистотата е особено видлива во деновите кога се одржува Фестивалот на пивото. Во тие четири дена едноставно се случува магија, кога преку ноќ снемува тони отпад, а градот е кристално чист пред наредната фестивалска вечер.

 

А.Г.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.