На 30-тина километри од Прилеп ја има најубавата глетка и најчистиот воздух: Велосипедистите и авантуристите знаат (Фото)

Aко сакате да избегате од загадениот градски воздух, Мариово е вистинската дестинација.

Планинскиот превој Слива се наоѓа на надморска височина од 1.140 метри и е одлична замена за градскиот метеж и бегство од густата магла.

Од пред неколку години на ова место има направено и летниковец од каде има одлична глетка на градот кога воздухот е чист, но и во овие зимски денови глетката е прекрасна, иако широката белина се состои од магла и загаден воздух.

Ова место е мамка за велосипедистите, авантуристите и вљубениците во природата и планината, кои редовно го посетуваат.

Кога веќе сте искачиле до Слива потоа е лесно, Мариовскиот регион ви ја пружа целата убавина. Посетете некое од локалните села, преубавите манастири и цркви и уживајте во недопрената мариовска природа.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.