На повидок нов Манчестер Сити, ама 13 пати побогат: Саудискиот принц го купи Њукасл, лyдо cлавје пред “Сент Џејмс парк” (Видео)

Илјадници навивачи се собраа денеска пред стадионот на Њукасл „Сент Џејмс парк“ и славеа после веста дека клубот го купиле супербогати луѓе од Саудиска Арабија.

Според она што се пишува во англиските спортски медиуми, прва цел на новите газди ќе било клубот да влезе во Лигата на шампионите, а за тоа ветуваат огромни вложувања.

Според пишувањата, во позадина на договорот за купување на Њукасл стои принцот на Саудиска Арабија, чие богатство се проценува на 320 милијарди фунти, а клубот неговите компании го купиле за 300 милиони евра.

За споредба, богатството на сопственикот на Манчестер Сити се проценува на 23,2 милијарди фунти.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.