Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, сепак ќе учествува на локалните избори во својата општина, но како кадар на коалицијата ДОМ и ЛДП, дознава „Фокус“.
Претходно, СДСМ одлучи наместо со Дудуш, да се трка во оваа општина со претежно ромско население со Ферат Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на оваа партија на последните парламентарни избори.
Се очекува ДОМ и ЛДП денес да го промовираат Дудуш како свој кандидат.