По расформирањето на специјалните сили на Армијата, изгледа на ред дојдоа и специјалните сили на Полицијата, пишува на својот Фејсбук профил универзитетскиот професор Александар Нацев.
-Со секој изминат ден погласни се информациите кои велат дека Владата на Заев и на Спасовски планира да удри по Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и да се расформираат одредени компоненти на оваа Единица, а вишокот припадници да се дисперзираат по Секторите за внатрешни работи, Единиците за Јавен ред и мир и да се користат како обезбедување на банкови пратки, а оклопната чета да не постои поради наводна некомпатибилност на оклопните возила со некои замислени стандарди на Спасовски. Поучени од ваквата ситуација во ЕБР, и специјалците од Единицата за специјални задачи „Тигар“ чувствуваат дека тие се следни, па околу 30% од припадниците на оваа единица се со барање за префрлување во друга единица, боледување, но и огромен број барања за неплатен одмор, кои не се одобруваат од командантите и воопшто не се проследуваат до повисоките старешини. Дали после „Лавовите“ и „Волците“, на ред сега дојдоа и „Тигрите“?, пишува во својот статуус професорот Нацев.