Научниците најпосле открија: Еве што е заедничко за сите пушачи кои живеат долго

dim-ff-e1455227684818-600x364

 

Научниците долго време ги проучуваа пушачите кои живеат долго и забележале дека сите тие имаат една заедничка работа.

Сите пушачи знаат дека поради нивниот порок им е загрозено здравјето и дека ризикуваат да умрат прерано. Но, некои пушачи спротивно на тој ризик живеат долго.

Американските научници откриле дека некои пушачи доживуваат длабока старост иако пушат цигари, а за тоа пред се треба да се благодарни на наследените гени.

Според нив се работи за така наречени “долговечни гени”.

Тие гени им овозможуваат да бидат отпорни на штетните материи од цигарите, но генерално и на останатите загадувања околу нас.

Тие кои ги имаат овие гени имаат и 11% помали шанси да добијат некоја врста канцерогено заболување.

“Кај долговечните пушачи откривме низа генетски маркери, кои се исти како и маркерите кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не се пушачi.

Tие гени функционираат на тој начин што овозможуваат брзо закрепнување на келиите и поттикнуваат подобра отпорност од низа штетни навики на кои луѓето се изложени, вклучувајќи го тука и пушењето”, вели научникот Морган Ливајн за Дејли меил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.