Наскоро ќе ја засени својата мајка: Ќерката на Моника Белучи порасна во вистинска убавица (Фото)

Ќерката на Моника Белучи порасна и веќе започна да заработува како лик на брендот „Долче и Габана“, чија муза со години е токму нејзината мајка.

Убавата Дева Касел наскоро ќе наполни 16 години (на 12 септември), а нејзините родители Моника Белучи и Венсан Касел досега не дозволиле нејзино претерано експонирање во јавноста.

Меѓутоа, убавото лице на оваа тинејџерка сѐ почесто ќе го гледаме, со оглед дека таа „се заканува“ да стане една од најбараните модели на денешницата.

Дева е фотографирана на езерото Комо, Италија, за време на снимањето на кампањата на „Долче и Габана“.

Насмеаната, природна, весела, Дева плени и преку фотографии, а оние кои соработуваат со неа велат дека тешко може да се одолее на нејзиниот шарм.

Погледнете ги фотографиите од ќерката на Моника и Венсан:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.